August 4, 2025 | | Свет
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, отворено ги критикуваше своите соиграчи по ремито (2-2) со Евертон во последниот натпревар од американската турнеја, нагласувајќи дека тимот не покажал доволно енергија без топка. „Нашата игра без топка не беше на највисоко ниво. Бевме малку мрзеливи и мора тоа да го избегнуваме, бидејќи токму таквиот пристап може да нè чини многу,“ изјави Португалецот. Иако клубот веќе потроши околу 130 милиони фунти на нови играчи, Фернандеш повика на уште засилувања до крајот на преодниот рок. „Стануваме посилни, но сè уште не сме таму каде што сакаме да бидеме. Ни треба повеќе конкуренција и повеќе квалитет за да го подигнеме нивото на сите. Се надевам дека ќе донесеме уште еден или двајца играчи кои ќе помогнат.“ Бруно исто така потсети дека играчите имаат обврска да се искупат за разочарувачката сезона, кога Јунајтед заврши на 15. место во Премиер лигата. „Во овој клуб не смееш да си дозволиш грешки. Навивачите плаќаат повеќе за билети, клубот вложува во инфраструктурата, а ние мора да се оддолжиме со резултати. Време е да ја вратиме културата на победување,“ додаде капитенот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |