Бруно Фернандеш до Стефан Ристовски: Заслужуваш сè најдобро, ти си ми брат!

June 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Бруно Фернандеш до Стефан Ристовски: Заслужуваш сè најдобро, ти си ми брат!

Капитенот на Манчестер Јунајтед, преку социјалните мрежи му испрати искрена и емотивна порака на својот поранешен соиграч, македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. Фернандеш го сподели видеото од збогувањето на Ристовски со хрватскиот првак Динамо Загреб и не го криеше својот респект и топли чувства. „Заслужуваш сè најдобро, не само во фудбалот, туку и во животот. Ти си ми брат“, напиша Португалецот на своето Инстаграм стори, покажувајќи дека нивното пријателство останало силно и покрај разделбата на клупско ниво. Двајцата фудбалери беа соиграчи во Спортинг Лисабон, каде што заеднички минаа низ многу победи, но и предизвици. Тој период беше доволен за да изградат цврста врска, која денес се одразува преку вакви топли и лични гестови на поддршка. Ристовски, кој го напушта Динамо Загреб по неколку успешни сезони, доби многу честитки.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.