Бруно Фернандеш е херојот на Јунајтед: Им донесе победа во 92. минута! (ВИДЕО)

January 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Бруно Фернандеш е херојот на Јунајтед: Им донесе победа во 92. минута! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед уште еднаш приреди драма на „Олд Трафорд“, каде победија со 2-1 против Глазгов Ренџерс благодарение на голот на капитенот Бруно Фернандеш во последните моменти од натпреварот. Во „Театарот на соништата“, домаќините демонстрираа карактер и менталитет, обезбедувајќи си шанса за осминафинале преку директен пласман. Амад Диало повторно заигра како винг-бек, а Ериксен и Колиер добија шанса пред Мајну и Угарте, додека Зиркзе го замени Холјунд. Првото полувреме беше подеднакво возбудливо, но турскиот голман Бајиндир беше под голем притисок, спасувајќи неколку опасни напади од Ренџерс. Единствениот голем момент за Јунајтед во првиот дел беше поништениот погодок на Де Лихт во 23. минута, поради прекршок на Јоро. На самиот почеток од вториот дел, домаќините поведоа. Искусниот голман на Ренџерс направи несфатлива грешка по корнерот на Ериксен, буквално сместувајќи ја топката во сопствениот гол за 1-0. Натпреварот продолжи со шанси на двете страни, но резервистот Десерс во 84. минута ја погоди стативата, промашувајќи од чиста позиција. Сепак, неколку минути подоцна, Нигериецот се реваншира со мајсторски погодок, искористувајќи ја грешката на Мегваер за израмнување 1-1. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, капитенот Бруно Фернандеш ја презеде одговорноста. По одличната асистенција на Мартинез, тој постигна прекрасен гол во судиското надополнување, поставувајќи го конечниот резултат 2-1. Со оваа победа, Јунајтед конечно се најде во зоната за осминафинале, но за да остане таму, ќе мора да триумфира во последното коло против ФЦСБ. Од друга страна, Ренџерс веќе обезбеди место во плеј-офот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.