October 4, 2024 | | Свет
Во англиските медиуми кружи теорија дека Бруно Фернандеш намерно заработил два црвени картони во последните четири дена. Тој најпрво заработи црвен картон против Тотенхем за старт кој не беше за црвен картон, а слично нешто се случи и вчера. Имено, доказ дека првиот црвен картон беше погрешна одлука е укинатата суспензија од три натпревари за црвениот картон на Бруно во Премиер лигата. Што се однесува до вчерашниот црвен картон против Порто, тој воопшто не го ни допре фудбалерот, туку неговата нога беше високо подигната без да го допре фудбалерот. Исто како и кај првиот црвен картон против Тотенхем, и тука не стигна реакција од ВАР собата за евентуална промена на одлуката. Судејќи по двата црвени картони, малку веројатно е да се каже дека Бруно тоа го сторил намерно, но факт е и дека токму во овие два натпревари тој како капитен на Манчестер Јунајтед одигра очајно и потфрли кога му требаше на тимот.
Bruno Fernandes went from 0 red cards in 242 games for Man United to 2 in his last 2 games 🔴🔴 pic.twitter.com/tDfqCC7Ga7
— Football on TNT Sports (@footballontnt) October 3, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |