Буфон: Италијанските играчи треба да одат во странство, Серија А повеќе не е силна

August 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Буфон: Италијанските играчи треба да одат во странство, Серија А повеќе не е силна

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон ја изненади јавноста во својата земја со изјавата дека за доброто на италијанскиот фудбал е подобро играчите да заминуваат во странство отколку да остануваат во Серија А. Според Буфон, домашното првенство одамна го загубило приматот и веќе не нуди услови какви што нудеше во минатото. Тој верува дека токму интернационалното искуство ќе помогне националниот тим да стане поконкурентен. „Позитивно е тоа што денес имаме шест-седум репрезентативци кои настапуваат во странство. Тоа значи дека националниот тим ќе има можност да напредува. Денешниот фудбал е многу различен од времето кога јас играв. Серија А повеќе не е најсилна, а играчите мораат да се развиваат“, изјави Буфон. Во златната ера на италијанскиот фудбал, кога Серија А важеше за најсилна лига во светот, дури се случуваше репрезентацијата да нема ниту еден фудбалер што настапува надвор од земјата. Денес ситуацијата е сосема поинаква: Џанлуиџи Донарума (ПСЖ), Сандро Тонали (Њукасл), Матео Ретеги (Бока Јуниорс), Дестини Удоги (Тотенхем), Диего Копола (Салцбург), Рикардо Калафиори (Арсенал) и други се дел од новата генерација што го претставува „азурито“ на меѓународната сцена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.