Буфон: „Тој играч требаше да има пет Златни топки, а не освои ниту една“

November 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Буфон: „Тој играч требаше да има пет Златни топки, а не освои ниту една“

Џанлуиџи Буфон даде интересен одговор за тоа кој играч заслужил да освои Златна топка, но истата ја нема освоено ниту еднаш. „Играв со три генерации, како да ви објаснам? Зидан, Роналдо, Меси, Кристијано, Иниеста…, но ако морам да изберам само еден, тогаш тоа е Нејмар. За играч и момче каков што е тој, требаше да има пет Златни топки“, вели Буфон. Тој призна и дека имал шанса да заигра за Барселона, но го совладале емоциите и се вратил назад во Парма. „Барселона сакаше да ме ангажира како втор голман. Ми се допадна идејата да играм со Меси, но додека се возев, го кренав погледот и ја видов таблата на наплатната рампа на која пишуваше ‘Парма’ и веќе ми беше јасно“, додаде тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.