Бура реакции во Шпанија: „Видете како Винисиус падна и доби пенал“ (ВИДЕО)

October 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Бура реакции во Шпанија: „Видете како Винисиус падна и доби пенал“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја продолжи победничката серија со триумф од 3-1 против Виљареал на „Сантијаго Бернабеу“, но натпреварот не помина без контроверзии. Фудбалерите на Виљареал имаа сериозни забелешки на судиските одлуки, особено на пеналот по кој „кралевите“ поведоа со 2-0. Иако контакт помеѓу Винисиус Жуниор и противничкиот дефанзивец навистина постоеше, гостите сметаат дека токму Бразилецот го иницирал дуелот. Судијата сепак веднаш покажа на белата точка. Набргу потоа, Мурињо беше исклучен по старт врз Винисиус, што дополнително ја разгневи гостинската екипа. „Дојдовме овде со цел да победиме, но не успеавме. За она да биде пенал мора да има посериозен контакт, видете само како падна. Потоа и црвениот картон е исто така проблематичен, Мурињо само стои, не знам што виде судијата. Тешко е да се победи на Бернабеу, а кога ќе ви се случат вакви работи, тоа станува невозможно“, изјави по мечот фудбалерот на Виљареал, Комесана.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.