Целото внимание денес во ЛШ ќе биде насочено на едно место: Мадридското дерби

March 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Целото внимание денес во ЛШ ќе биде насочено на едно место: Мадридското дерби

Едно големо дерби ќе ја одбележи денешната програма во Лигата на шампионите. Мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал се игра на „Ванда Метрополитано“, а „кралевите“ ќе пристигнат со гол предност. Сепак, сè е далеку од решено во овој дуел на големите ривали. Атлетико има свои математики, бидејќи негативата од еден гол не е убедлива. Вреди да се истакне дека традицијата е целосно на страната на Реал. Денот го отвораат Лил и Борусија Дортмунд, кои во Франција пристигнаа со егал (1-1) од првиот меч. Астон Вила има два гола предност против Клуб Бриж (3-1), додека натпреварот на „Емирати“ меѓу Арсенал и ПСВ ќе биде само формалност, бидејќи мечот во Холандија заврши 1-7. Денешната програма во Лигата на шампиони: 18:45 Лил – Борусија Дортмунд 21:00 Арсенал – ПСВ Астон Вила – Клуб Бриж Атлетико Мадрид – Реал Мадрид

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.