Целта е да не замине: Баерн го прави Мусијала најплатен играч во Бундеслигата

October 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Целта е да не замине: Баерн го прави Мусијала најплатен играч во Бундеслигата

Според информациите на „Sky Germany“, Баерн Минхен сака да го направи Џамал Мусијала најплатен играч во Буденслигата и да биде платен исто како Кејн за да спречат негово заминување. Германецот важи за еден од најголемите таленти во фудбалот, па нормално е интересот за него да биде голем. Планот на Баерн Минхен е да го направат главна ѕвезда, па покрај спортскиот проект, тие ќе морат и добро да го платат. Тој има договор до 2026 година, а Баерн Минхен сака да му понуди плата како на Кејн, околу 400 илјади евра неделно.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.