Чаби Алонсо ги предупредил Мбапе и Вини: Ако не правите една работа, одите на клупа!

June 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Чаби Алонсо ги предупредил Мбапе и Вини: Ако не правите една работа, одите на клупа!

Според информациите на шпанските медиуми, новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, веќе им испратил недвосмислена порака на своите играчи – нема да има компромиси во однос на ангажманот во дефанзивата, без оглед на имињата или напаѓачките статистики. Минатата сезона, „кралевите“ имаа сериозни проблеми во одбраната, особено во транзицијата по изгубена топка. Најголема слабост, според анализите, било тоа што дел од офанзивните ѕвезди не се враќале доволно брзо назад. Затоа, Чаби Алонсо, познат по својата тактичка дисциплина и фудбалска интелигенција, најави дека ќе инсистира на целосна вклученост на сите играчи во одбранбените задачи – и оние напред ќе мора „да го истрчаат својот дел“. Како што пренесува Кадена СЕР, предупредувањето се однесува дури и на имиња како Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Родриго и Џуд Белингем, кои во минатото имаа поголема слобода. „Нема да има привилегирани. Ако не се вложуваат доволно, ќе седат на клупа“, бил ставот на Алонсо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.