May 12, 2025 | | Свет
По новиот пораз од Барселона и дефинитивната загуба на шансите за титулата во Ла Лига, во редовите на Реал Мадрид започнаа сериозни подготовки за наредната сезона. Фокусот сега е насочен кон Светското клупско првенство и уште поважно, кон изградбата на еден сосема нов проект, чија основа ќе биде Килијан Мбапе. Шпанските медиуми пренесуваат дека претседателот Флорентино Перез веќе имал детален разговор со Чаби Алонсо, кој се очекува да го преземе кормилото на „кралскиот клуб“ на 1. јуни. Во разговорот, Перез дал јасни насоки: Мбапе ќе биде апсолутен центар на тимот, а целата стратегија ќе се гради околу францускиот ас. Тоа значи дека дури и Винисиус Жуниор, кој досега важеше за неприкосновен на својата позиција, ќе мора да се адаптира на новите тактички барања и улога. Се очекува Алонсо да направи сериозни реорганизации во составот, со цел да го извлече максимумот од Мбапе и да создаде доминантна екипа способна за трофеи на сите фронтови. Промените кои се најавуваат претставуваат почеток на нова ера на „Сантијаго Бернабеу“, со мисија да се врати доминантноста на Реал Мадрид како европски фудбалски гигант.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |