Чаби Алонсо откри какви планови за Родриго, Мбапе, Винисиус и Белингем

May 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Чаби Алонсо откри какви планови за Родриго, Мбапе, Винисиус и Белингем

Новата ера на Реал Мадрид започна со самоуверена и стратешки ориентирана прес-конференција на Чаби Алонсо, кој денеска и официјално беше промовиран како нов тренер на „кралскиот клуб“. Во првото обраќање пред медиумите, Алонсо испрати јасна порака дека верува во потенцијалот на постоечкиот состав и има план за хармонизирање на ѕвездениот напаѓачки трио во чиешто срце ќе бидат Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и без сомнеж Родриго. „Родриго е спектакуларен фудбалер. Сакам да разговарам со секој играч лично, тоа го заслужуваат. Ќе ми биде потребен, и верувам дека ќе најдеме начин за тој да се чувствува важен дел од тимот“, изјави новиот стратег на „Бернабеу“, одговарајќи на прашањата околу шпекулациите за незадоволството на Бразилецот. На темата која ги интригира сите фудбалски фанови, можната симбиоза меѓу Мбапе и Винисиус, Алонсо рече: „Тоа што ќе работам со играчи од таков калибар е благослов. Тие се фудбалери кои можат сами да решат натпревар. Да се извлече максимумот од нив ќе биде клучно. Имам идеи, но ќе ги развиеме заедно, преку блиска комуникација и тактичка хармонија“. Во однос на Џуд Белингем, Алонсо беше јасен дека го гледа како дел од моторот на тимот. „Џуд е извонреден. Може да игра на различни позиции, но мојата визија е да биде срцето на средниот ред, таму каде што може да ја контролира играта и да создава шанси, а не само да ги реализира“. Со амбициозна визија и силна порака до тимот и навивачите, Чаби Алонсо покажува дека „новиот Реал“ не само што има јасна стратегија, туку и верба во човечкиот потенцијал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.