Чаби Алонсо побарал Лука Модриќ да остане!

May 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Чаби Алонсо побарал Лука Модриќ да остане!

Според „Радио Марка“, новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, сака Лука Модриќ да остане во тимот и следната сезона. Иако Модриќ сака да остане уште една година, досега се веруваше дека претседателот Флорентино Перез нема да му понуди нов договор. Но ако се точни информациите, Алонсо побарал од раководството да го задржи искусниот хрватски фудбалер. Покрај квалитетот на теренот, Модриќ има и големо влијание во соблекувалната, благодарение на своето искуство и лидерство. Затоа Алонсо сака да го има покрај себе во својата прва сезона како тренер на Реал Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.