March 10, 2025 | | Свет
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, зборуваше за утрешниот реванш против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, каде неговиот тим се соочува со сериозен предизвик поради триголемната негатива од првиот натпревар. Дополнителен проблем за „аспирините“ претставува отсуството на нивната ѕвезда, Флоријан Вирц, кој нема да настапи. И Баерн и Леверкузен неочекувано загубија на домашен терен во последното коло од Бундес-лигата, што додава неизвесност пред пресметката во Лигата на шампионите. Голем хендикеп за Леверкузен ќе биде отсуството на Флоријан Вирц кој се повреди и ќе биде отсутен неколку недели. „Жал ми е за Фло, бидејќи беше во врвна форма, но сега е моментот да покажеме дека сме силен тим и без него. Ако сакаме да продолжиме во ова натпреварување, мораме да дадеме сè од себе. Овој натпревар може да стане дел од нашата историја ако играме со страст, интензитет и ладнокрвност. Знаеме дека е тешко, но токму ваквите моменти можат да создадат нешто епско“, истакна Алонсо. Тој верува дека пресврт е можен и го посочи примерот на Бохум, кој неодамна успеа да направи голем пресврт против Баерн и да слави победа. „Првиот чекор е да веруваме. Ние и навивачите кои ќе дојдат на стадионот. Тие мора да веруваат од првата секунда дека сме способни да направиме пресврт. Овој натпревар е на друго ниво за нас, може да стане дел од нашата историја ако играме со големо срце, страст, агресивност, интензитет и ладнокрвност. Знаеме колку е тешко, но понекогаш токму ваквите тешки моменти создаваат нешто епско. Се наоѓаме во ситуација во која немаме што да изгубиме. Единствено Баерн може да загуби нешто утре. 100% од навивачите на Баерн веруваат дека нивниот тим ќе оди понатаму. Сигурен сум дека не многу навивачи на Бохум веруваа дека можат да победат откако Баерн водеше со 2-0, но тие направија пресврт и победија. Во фудбалот често се случуваат неочекувани работи, а утре тоа може да се повтори“, продолжи Алонсо.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |