Чалханоглу: Јас сум најсилниот играч за врска во Европа

June 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Чалханоглу: Јас сум најсилниот играч за врска во Европа

Играчот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу, тврди дека тој е најсилниот играч за врска во Европа пред пријателскиот натпревар на Турција против Италија. Натпреварот е критичен тест за двете селекции додека се подготвуваат за ЕУРО 2024, при што Италија има за цел да се надоврзе на неодамнешните успеси, а Турција бара зајакнување на моралот.

Ова не е прв пат Чалханоглу да го изјави ова и потенцираше дека тој се чувствува така. Знам дека има многу играчи од светска класа на мојата позиција, но јас секогаш учам и растам“, дециден е тој.

Тој ги коментираше и шансите на Италија на Европското првенство истакнувајќи ја предноста што Италија има неколку негови соиграчи од Интер па така и квалитетот на тие играчи не е спорен.

„Тие имаат 5-6 мои соиграчи кои играат за нив, и како што со право истакна Спалети, тоа е предност за нив бидејќи секогаш играат заедно“, изјави Чалханоглу.

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети го намали својот состав на 24 играчи поради повреди и недостапност. Клучните играчи како Франческо Ачерби и Џорџо Скалвини се надвор од теренот, додека Николо Фаџоли е изненадувачки вклучен. Џанлуиџи Донарума ќе биде капитен на тимот во отсуство на Чиро Имобиле.

За Турција, дефанзивците Чаглар Сојунџу и Ридван Јилмаз, заедно со напаѓачот Џенгиз Ундер, се недостапни поради повреди. Сепак, Зеки Челик, Кенан Јилдиз и капитенот Хакан Чалханоглу се спремни и подготвени за игра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.