Чави откри кој тренер го „разбудил“: Тој виде дека имам мозок

March 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Чави откри кој тренер го „разбудил“: Тој виде дека имам мозок

По разделбата со Барселона, Чави одлучи да се повлече од јавноста и ретко се огласува со коментари или интервјуа. Сепак, во разговор за „Франс Фудбал“, тој проговори на повеќе теми и особено го истакна своето почитување кон Луј ван Гал, тренерот кој силно верувал во неговиот потенцијал. „Играв фудбал со мозок, мојата најголема предност беше што знаев да го пронајдам слободниот простор и точно каде треба да ја испратам топката“, истакна Чави. Тој се потсети и на тактичкиот пристап што го наметна Јохан Кројф, кој совршено се вклопил во неговиот стил на игра. „Не бев ниту физички силен, ниту брз, но начинот на кој Кројф го разбираше фудбалот беше идеален за моите квалитети.“ Чави посебно го нагласи влијанието на Ван Гал во неговата кариера. „Бескрајно сум му благодарен на Ван Гал, бидејќи веруваше во мене дури и повеќе отколку што јас верував во себеси. Тој постојано ми повторуваше дека имам неверојатен талент“, заврши Чави.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.