Чави Симонс конечно ја донесе одлуката околу својата иднина, Баерн извисен!

July 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Чави Симонс конечно ја донесе одлуката околу својата иднина, Баерн извисен!

Чави Симонс претходната сезона ја помина на позајмица во Лајцпиг, а инаку е член на ПСЖ. Според информациите на Фабрицио Романо и Флориан Плетенберг, тој уште една сезона ќе биде на позајмица во Лајцпиг, а сите страни биле известени за неговата конечна одлука. Позајмицата треба да биде потврдена оваа недела, а до последно Баерн Минхен не се откажуваше од Симонс. Ова значи дека Баерн сега ќе тргне по Десир Доуе. Во меѓувреме, Лајцпиг и ПСЖ ги договараат последните детали за новата позајмица, а наредната сезона пак се очекува Симонс и перманентно да замине од ПСЖ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.