December 23, 2024 | | Свет
Александар Чеферин, претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), му го честиташе изборот на Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Омерагиќ, кој е поранешен фудбалер на Вардар и Слога Југомагнат, беше избран во неделата со акламација за прв човек на македонскиот фудбал. Со тоа, тој го наследи Муамед Сејдини на оваа позиција. Во писмото што му го испрати на новоизбраниот претседател на ФФМ, Чеферин го потенцираше важниот јубилеј – 30 години од членството на ФФМ во УЕФА. Тој нагласи дека за време на овие три децении, ФФМ постигнала значајни резултати во развојот на фудбалот во Македонија и изрази уверување дека новото раководство ќе продолжи со напредокот на ова поле. Чеферин истакна дека Омерагиќ, како поранешен фудбалер и долгогодишен спортски работник, ги познава сите аспекти на фудбалот, вклучително и притисокот од играњето и менаџирањето на највисоко ниво. „Масар, верувам дека со сето срце ќе го прифатите потенцијалот на фудбалот во Македонија и ќе продолжите да ги бележите точките за напредок кои вашата федерација и вашата држава го заслужуваат“, пишува Чеферин.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |