May 16, 2025 | | Свет
Она што требаше да биде обичен, протоколарен настан – редовниот Конгрес на ФИФА – се претвори во вистински дипломатски потрес во срцето на светскиот фудбал. Наместо мирен тек и предвидливи говори, четвртокот донесе скандал кој ја разбуди тензијата помеѓу УЕФА и водечкото тело на светскиот фудбал. Долгото доцнење од речиси шест часа на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, беше капката што ја прели чашата. Иако наводно бил зафатен со „интензивна дипломатска агенда“ – средби со Трамп, саудискиот принц и катарскиот емират – европските делегации тоа не го прифатија како оправдување. Наместо разбирање, Инфантино се соочи со тивок, но моќен отпор. Во моментот кога тој конечно се појави и почна да зборува за „стратешки одлуки во корист на фудбалот“, делегациите на неколку европски земји демонстративно ја напуштија салата. Прв во редот беше претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, проследен од Деби Хјует од Англија и Лис Клавенес од Норвешка. По нив, следеа и други. Овој чин не беше само гест на револт, тој беше порака. Порака дека европските фудбалски лидери нема да го прифатат „персонализираниот“ пристап кон управување со најголемата спортска организација. УЕФА во своето официјално соопштение потенцираше. „Домаќините од Парагвај и партнерите од КОНМЕБОЛ направија сè за настанот да биде беспрекорен. Но, менување на агендата во последен момент од лични причини е неприфатливо. Фудбалот мора да биде пред сè.“ Инфантино, кој веќе подолго време е под лупа поради стилот на водење, сега се соочува со сериозен предизвик.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |