Челси дојде на само два бода позади Ливерпул! (ВИДЕО)

December 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси дојде на само два бода позади Ливерпул! (ВИДЕО)

Челзи ја продолжи фантастичната форма во Премиер лигата, славејќи уште една значајна победа пред своите навивачи. Овој пат, жртва на „сините“ беше екипата на Брентфорд, која на „Стемфорд Бриџ“ беше совладана со 2:1. Со оваа победа, Челзи направи голем чекор кон врвот на табелата, заостанувајќи само два бода зад лидерот Ливерпул, но со одигран натпревар повеќе. Марк Кукуреља го отвори резултатот во 43. минута со одличен удар, а Николас Џексон во 80. минута го зголеми водството на 2:0. Брентфорд успеа да постигне утешителен гол преку Мбеумо во последните моменти од натпреварот, но тоа не беше доволно да го загрози триумфот на Челзи. Во друга возбудлива пресметка, Тотенхем го декласираше Саутемптон со неверојатни 5:0, сите голови постигнати во првото полувреме! Екипата на Анге Постекоглу буквално „леташе“ на теренот, започнувајќи со погодок на Медисон во првата минута. Потоа следуваа головите на Сон во 12. минута и Кулушевски во 14., за брзо водство од 0:3. Сар во 25. минута го зголеми резултатот на 0:4, а Медисон со својот втор гол во судиското продолжение од првото полувреме го постави конечниот резултат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.