Челси го истури бесот врз ужасниот Саутемптон (ВИДЕО)

February 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси го истури бесот врз ужасниот Саутемптон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси одиграа доминантен натпревар против Саутемптон, совладувајќи го противникот со убедливи 4-0 во 27. коло од Премиерлигата. „Сините“ започнаа агресивно, а водството го обезбеди Нкунку во 24. минута. Подоцна, тој асистираше на Нето, кој ја зголеми предноста на 2-0. До крајот на првиот дел, Колвил постигна трет погодок, додека конечните 4-0 ги постави Кукуреља во завршните моменти од натпреварот. Со овој триумф, Челси се искачи на четвртото место со 46 бодови, додека Саутемптон остана закован на дното со само девет поени.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.