Челси го потопи Ноа со осум гола на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

November 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси го потопи Ноа со осум гола на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

Челси убедливо го совлада Ноа со 8-0 на „Стемфорд Бриџ“ и е прв на табелата во Конференциската лига. Веќе во првите 45. минути домаќините водеа со шест гола разлика. Резултатот го отвори Адарабиојо, Гују зголеми на 2-0, а потоа стрелаа Дисади, Мудрик, Жоао Феликс двапати во првиот дел, а во вториот и Нкунку двапати.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.