Челси го размонтира Волвс со шест гола, Палмер три пати му намести на Мадуеке! (ВИДЕО)

August 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси го размонтира Волвс со шест гола, Палмер три пати му намести на Мадуеке! (ВИДЕО)

Челси успеа да ја запише првата победа оваа сезона во Премиер лигата каде успеаа да го совладаат Вулверхемптон со дури 6-2 и тоа на гостински терен. Николас Џексон во 2. минута го отвори резулатот, а Волвс се вратија преку Куња. Палмер постигна одличен гол за 1-2 во 45. минута, а во судиското надополнување Ларсен израмни за 2-2 на полувремето. Во второто полувреме следуваше шоуто на Мадуеке кој постигна три гола а сите три гола му ги намести Кол Палмер. Головите паднаа во 49. 58, и во 63. минута, а шестиот гол го постигна Феликс.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.