August 17, 2024 | | Свет
Челси и Атлетико Мадрид се на чекор од наоѓање на конечен договор за трансферите на Галагер во Мадрид, а на Феликс во Лондон. Позитивни биле последните преговори, а Феликс веќе прифати пак да заигра за Челси. Шпекулациите кои кружеа дека Челси ќе плати 60 милиони евра за Феликс се неточни, тврди Фабрицио Романо. Целта на клубовите е трансферите да се завршат викендов. Галагер веќе требаше да биде потврден како играч на Атлетико, но тоа не се случи бидејќи пропадна трансферот на Омородион во Челси па и трансферот на Англичанецот наиде на компликации. Предвидено е трансферот на Феликс да биде дел од оној на Галагер. Феликс во сезоната 2022/23 беше на позајмица во Челси во вториот дел од сезоната, па не е спорно дека го познава клубот од Лондон каде пак прифати да заигра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |