Челси испрати официјална понуда за Санчо!

August 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси испрати официјална понуда за Санчо!

Како што ексклузивно открива Фабрицио Романо, Челси испратил официјална понуда до Манчестер Јунајтед за Џејдон Санчо. Според неговите информации, се работи за позајмица каде условите биле слични како на оние на Јувентус, но генерално целиот финансиски пакет бил повисок. Санчо е отворен за ваквиот трансфер а останува на самите клубови дали ќе успеат да се договорат. Иако се чинеше дека Тен Хаг и Санчо се смирија, очигледно е дека тензии сѐ уште има и дека шансите се големи Англичанецот да замине.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.