Челси ја имаше победата во раце, но Карваљо им ги помати плановите (ВИДЕО)

September 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси ја имаше победата во раце, но Карваљо им ги помати плановите (ВИДЕО)

Челси беше на чекор до победа на гостувањето кај Брентфорд, но домаќините со гол во 93. минута успеаја да извлечат бод – 2-2. Брентфорд поведе во првото полувреме со погодок на Шаде, а во вториот дел „сините“ направија целосен пресврт. Палмер, само пет минути откако влезе во игра, израмни на 1-1, а во 85. минута Каиседо погоди за водство од 2-1. Кога се чинеше дека трите бода патуваат за Лондон, во 90. минута во игра влезе Фабио Карваљо. Само три минути подоцна токму тој беше херојот на Брентфорд, постигнувајќи гол за конечни 2-2.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.