Челси ќе потроши 135 милиони евра за двајца фудбалери!

June 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси ќе потроши 135 милиони евра за двајца фудбалери!

Челси интензивно работи на создавање конкурентен тим за наредната сезона. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ вчера успешно го договори трансферот на Џејми Бајно-Гитенс од Борусија Дортмунд, во зделка вредна околу 65 милиони евра. Претходно, Германците одбија две понуди, но на крајот го прифатија третото барање на англискиот клуб. Откако го обезбедија потписот на англискиот офанзивец, „сините“ сега се насочени кон нова цел — Жоао Педро од Брајтон. Преговорите со клубот од југот на Англија се веќе во напредна фаза, а сумата која се споменува за трансферот изнесува околу 60 милиони фунти (приближно 70 милиони евра).

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.