Челси конечно го потврди трансферот на Санчо!

August 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси конечно го потврди трансферот на Санчо!

Челси го потврди Санчо како најново засилување. Англичанецот ќе дојде на позајмица каде Челси ќе има клаузула за обавезен откуп наредната сезона, а сумата ќе изнесува 20 милиони фунти фиксни плус пет во бонуси. Иако се чинеше дека Санчо би можел да остане во Јунајтед откако разговараше со Тен Хаг и наводно се смирија, сепак од тоа не испадна ништо. Санчо дојде во Јунајтед пред три сезони каде беше платен дури 85 милиони евра. „Навистина сум возбуден што сум овде. Лондон е местото каде што пораснав и среќен сум што се враќам. Менаџерот ми зборуваше за проектот и за еден млад играч, тоа е возбудливо. Се надевам дека ќе можам да донесам голови и асистенции на Стемфорд Бриџ“, рече Санчо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.