Челси купи нов голман, вкупно ги има дури десет!

August 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси купи нов голман, вкупно ги има дури десет!

И официјално Челси денеска го потврди трансферот на голманот Мајк Пендерс и истиот ќе чини околу 20 милиони фунти. Тој веднаш ќе се врати на позајмица во Генк а во клубот ќе дојде наредното лето. Со овој трансфер Челси има дури десет голмани од кои прв голман на Челси е Роберт Санчез, втор најверојатно ќе биде Филип Јоргенсен, Кепа ќе замине на позајмица во Бормут, Ѓорѓе Петровиќ, Маркус Бетинели и Лукас Бергстром се тука, Габриел Слонина е на позајмица во Барнсли, Еди Бич е на позајмица во Крули Таун, а Теди Шармен Лоу е на позајмица во Донкастер Роверс, како и Пендерс кој како што наведовме ќе остане во Генк сезонава.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.