Челси победи, но дали Вест Хем беше оштетен за пенал? (ВИДЕО)

September 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси победи, но дали Вест Хем беше оштетен за пенал? (ВИДЕО)

Челси победи на гостувањето кај Вест Хем со убедливи 3-0 со двата гола на Џексон и еден на Палмер. Она што се отвори како дебата помеѓу фановите е потенцијалниот пенал за Вест Хем. Имено, Самервил беше повлечен во шеснаесетникот од Фофана, но реакција немаше. По овој момент, стигна и официјално објаснување на судиската комисија за дуелот. „Одлуката да не биде досуден пенал по дуелот на Фофана и Самервил е проверена и потврдена од ВАР. Причината е што не постоело континуирано држење“, стои во објаснувањето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.