August 21, 2025 | | Свет
Поранешниот шампион на Англија, Челси, продолжува со својата политика на засилувања од Брајтон. Најново име кое ќе пристигне на „Стемфорд Бриџ“ е Хулио Енсисо, за кого лондонскиот клуб ќе плати 16 милиони евра отштета. Сепак, 20-годишниот играч за врска од Парагвај нема веднаш да се приклучи на „сините“ – тој претстојната сезона ќе ја мине на позајмица во францускиот Стразбур, клуб кој е во сопственост на Челси, а од наредното лето ќе стане дел од премиерлигашкиот состав. Во последните три години, Брајтон стана „омилената продавница“ за Челси, кој од клубот од јужниот брег на Англија донесе дури 15 фудбалери, како и поранешниот менаџер Грем Потер со неговиот стручен штаб. Вкупната сума која Челси ја плати на Брајтон за трансфери, компензации и позајмици изнесува околу 257 милиони фунти, а најголем дел од неа – 115 милиони фунти – отиде за рекордниот трансфер на Мојсес Каиседо. Покрај него, „сините“ од Брајтон ги доведоа и Марк Кукуреља, Жоао Педро, Роберт Санчез и други. Со ова, Челси повторно покажува дека ја користи стратегијата на изградба на млад и талентиран тим преку масовни инвестиции, иако дел од засилувањата прво поминуваат низ „филтерот“ на Стразбур.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |