July 5, 2025 | | Свет
Фудбалерите на Челси обезбедија пласман меѓу четирите најдобри на Светското клупско првенство, откако вечерва во тешка битка со 2-1 го совладаа Палмеирас. Англискиот тим рано стигна до водство – Кол Палмер стрелаше во 16. минута и донесе предност за „сините“. Бразилците возвратија на стартот од второто полувреме, кога младиот Естевао го матираше голманот на Челси и донесе израмнување. Решавачки момент се случи во 83. минута – по еден несреќен обид за расчистување, Вевертон си постигна автогол, кој му донесе победа на тимот од „Стемфорд Бриџ“. Во полуфиналето, Челси ќе се соочи со Флуминензе, кој исто така со 2-1 го совлада Ал Хилал, во меч кој вети голема пресметка за финале.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |