Челзи и Наполи преговараат за трансфер на Лукаку и позајмица на Осимен!

July 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Челзи и Наполи преговараат за трансфер на Лукаку и позајмица на Осимен!

Според информациите на новинарот Дејвид Орнстин од „The Athletic“, Наполи преговара со Челзи за да го купи Лукаку, а воедно има и дијалог за Виктор Осимен кој би преминал во Челзи. Се очекува зделката за Лукаку да биде перманентен трансфер, а позајмица со опција за перманентен трансфер за Виктор Осимен. Минатата сезона Лукаку ја помина на позајмица во Рома каде постигна 21 гол на 47 натпревари. Од друга страна, Осимен имаше слаба сезона каде постигна скромни 15 гола во Серија А. Наполи претходно преговараше со ПСЖ за Осимен, но преговорите беа стопирани поради високите барања на Наполи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.