Челзи и Наполи спремаат бомбастична трампа?!

August 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Челзи и Наполи спремаат бомбастична трампа?!

Виктор Осимен е на излезна врата од Наполи и тоа беше познато уште пред да почне трансфер периодот. Наполи го вреднува околу 120 милиони евра, а засега Наполи преговараше со ПСЖ која ги прекина преговорите поради високата цена за напаѓачот. Но, според информациите на „Mattino di Napoli“, на маса била ставена голема трампа помеѓу фудбалери на Челзи и Наполи. Имено, Наполи дал предлог Челзи да го ангажира Осимен, но за возврат Наполи да го добие Лукаку кого Конте силно го посакува, талентираниот Касадеи и 45 милиони евра. Дополнителни информации за ваквата можна трампа се очекуваат наскоро, но со ова задоволни би биле и Осимен и Лукаку каде едниот ќе замине од Наполи, а другиот пак би соработувал со Конте.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.