August 29, 2024 | | Свет
Денеска со почеток од 18 часот ќе биде направена ждрепката на Лигата на шампионите со новиот формат каде ќе учествуваат 36 екипи. Што се однесува до претставници кои Македонија ќе ги има во ова натпреварување, тоа се Миовски со неговиот нов тим Жирона, Елмас ќе игра со Лајпциг, а Ристовски и Адеми со Динамо Загреб. Новиот формат ќе биде лига каде секој тим ќе игра четири натпревари дома и четири во гости каде сите осум натпревари ќе ги одигра со различен противник. Ждрепката ќе биде компјутерски каде одреден софтвер сам ќе ја одреди ждрепката. Првите осум тима кои ќе завршат на табелата одат директно во осминафиналето, а оние кои ќе завршат од деветто до 24. место ќе играат во дополнителна плеј-оф рунда. Еве како изгледаат шеширите: Прв шешир: Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул, Интер, Борусија Дортмунд, Барселона Втор шешир: Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Аталанта, Јувентус, Милан, Арсенал, Бенфика, Клуб Бриж, Шахтјор Трет шешир: Феенорд, Спортинг, ПСВ, Лил, Динамо Загреб, Салцбург, Црвена Звезда, Јанг Бојс, Селтик Четврти шешир: Слован, Монако, Спарта, Астон Вила, Болоња, Жирона, Штутгарт, Штурм, Брест
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |