June 28, 2024 | | Свет
Со промената на управата на Манчестер Јунајтед, се очекуваат огромни промени. Тен Хаг останува, а и некои од луѓето во неговиот стручен штаб ќе бидат променети. Но, се планира и огромна чистка во Јунајтед. Како што пренесува „MEN“ Јунајтед сака да се ослободи од дури девет фудбалери летово. На продажба ќе бидат: Мејсон Гринвуд, Џејдон Санчо, Арон ван Бисака, Виктор Линделоф, Касемиро, Ханибал Меџбри, Дони ван де Бек, Факундо Пелистри и Кристијан Ериксен. Некои од фудбалерите се со турбулентно минато, некои се во конфликт со тренерот, а некои пак едноставно не се квалитетни за клуб како Јунајтед.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |