Човечноста пред сѐ: Спалети ја покажа својата големина пред клучниот натпревар (ВИДЕО)

June 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Човечноста пред сѐ: Спалети ја покажа својата големина пред клучниот натпревар (ВИДЕО)

Италија денеска ќе го одигра клучниот натпревар со Хрватска за пласман во нокаут фазата и истиот ќе се одигра од 21 часот. Но, денес селекторот на Италија Лучијано Спалети покажа колку дека е голем и дека има почит за другите. Тој одвои време за новинарот Марко Носоти кој по 28 години брак ја загуби сопругата која долго време се борела со тешка болест и на крајот ја загубила битката. Оваа прегратка ги освои симпатиите на јавноста и ја покажа големината на Спалети.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.