Чудно: Барса му дала отказ на куварот, Левандовски не ги бендисал зготвените јајца

January 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Чудно: Барса му дала отказ на куварот, Левандовски не ги бендисал зготвените јајца

Барселона одлучила да го отпушти клупскиот готвач поради поплаки од напаѓачот Роберт Левандовски за квалитетот на храната што им се сервира на играчите, пренесува каталонскиот Sport. Полскиот фудбалер изразил незадоволство кај тренерот Ханси Флик, споменувајќи дека лошо приготвените оброци, особено јајцата, му предизвикувале непријатности. Поради ова, Флик побарал од клубското раководство да се ангажира нов професионален готвач кој ќе ги исполнува високите стандарди на тимот. Во моментов, клубот активно интервјуира кандидати за оваа позиција, со цел да обезбеди подобрување на храната за играчите. Со доаѓањето на Флик во Барселона, тој донесе и личен диетолог кој изработува индивидуални планови за исхрана на фудбалерите. Покрај тоа, сопругата на Левандовски, која е професионален диетолог, исто така активно се грижи за исхраната на својот сопруг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.