Чудно: Мбапе е најплатен во Реал Мадрид, но во Ла Лига е дури на третото место!

July 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Чудно: Мбапе е најплатен во Реал Мадрид, но во Ла Лига е дури на третото место!

Килијан Мбапе конечно стана играч на Реал Мадрид летово каде ќе го носи дресот со број 9. Потпиша за Реал до 2029 година, а откриена е неговата плата, како и платата на другите фудбалери во Ла Лига. Она што е зачудувачки е што Мбапе е најплатен во Реал, но не и во Ла Лига. Тој ќе заработува 31,2 милиони евра бруто а овде не се вклучени бонусите и спонзорските договори, но според договорот тој се наоѓа на третото место во Ла Лига. Околу половина од платата на фудбалерите е данок, а остатокот е нето платата. ТОП 10 најплатени фудбалери во Ла Лига на годишно ниво (бруто): 1.Френки де Јонг (Барселона) 37,5 милиони евра 2.Роберт Левандовски (Барселона) 33,5 милиони 3.Килијан Мбапе (Реал Мадрид) 31,2 милиони 4.Винисиус (Реал Мадрид) 28,8 милиони 5.Јан Облак (Атлетико Мадрид) 28,8 милиони 6.Давид Алаба (Реал Мадрид) 22,5 милиони 7.Џуд Белингем (Реал Мадрид) 18,7 милиони 8.Илкај Гундоган (Барселона) 16,6 милиони 9.Федерико Валверде (Реал Мадрид) 15 милиони 10.Тибо Куртоа (Реал Мадрид) 14,5 милиони евра

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.