March 21, 2025 | | Свет
Францускиот фудбалер Н'Голо Канте ја искористи репрезентативната пауза за да го посети Мали, земјата од која потекнува. Според повеќе медиумски извештаи, поранешната ѕвезда на Челси направи значителен гест на хуманост, донирајќи 5 милиони долари за изградба на современа болница во главниот град Бамако. Несебичноста на Канте не е изненадување. Репрезентативецот на Франција, кој моментално настапува за Ал-Итихад, не беше повикан во составот на Дидие Дешамп за мартовската пауза. Тоа му овозможи на 33-годишниот фудбалер да помине значајна недела во својата татковина, вложувајќи во проекти од огромно значење. Роден во Франција од родители со потекло од Мали, Канте отсекогаш ја негувал врската со својата татковина. Неговиот ангажман е особено видлив во иницијативите за подобрување на здравствената заштита на децата во најзагрозените региони на Мали. Како што истакна Емануел Диара, познат како „Царот Н'Голо“, фудбалерот е активно посветен на поддршка на ранливите заедници. Со својот препознатлив карактер – скромен и дарежлив, ист како на теренот – Канте вложи над 5 милиони евра во изградба на болница што ќе овозможи подобри услови за медицинска грижа во Бамако. Неговата донација е доказ за големината на неговото срце и неговата желба да придонесе за добросостојбата на своите сонародници.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |