April 14, 2025 | | Свет
Јагелонија запиша важна победа на гостински терен совладувајќи ја Легија Варшава со минимални 1:0 во рамките на 28. коло од полската Екстракласа. Единствениот погодок на натпреварот го постигна македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов во 41. минута, решавајќи ја судбината на дербито. Ова беше петти погодок за Чурлинов сезонава во полскиот шампионат, при што има забележано 22 настапи. Токму неговата прецизност ја однесе Јагелонија до трите бода. Со оваа победа, Јагелонија се зацврсти на третата позиција со 55 бодови, веднаш зад Лех Познањ кој има 56, додека лидер на табелата останува Раков со 59. Легија Варшава, пак, по осмиот пораз сезонава, се најде на петтата позиција со 44 освоени поени.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |