April 17, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов постигна гол за Јагелонија во реванш дуелот против Бетис во четвртфиналето од Конференциската лига, но неговиот погодок не беше доволен за пласман понатаму. Јагелонија и Бетис одиграа 1-1 во денешниот натпревар, резултат што ја остави полската екипа надвор од полуфиналето, бидејќи шпанскиот тим славеше со 2-0 на првиот меч во Севилја. Чурлинов беше најактивен играч во нападот на полскиот тим, покажувајќи исклучителна мотивираност и борбеност. Својот настап го круниса со погодок во 81. минута, кога се избори за топката и прецизно стрелаше за израмнување. Но, Јагелонија немаше сили за целосен пресврт. Во друг четвртфинален дуел, Фиорентина и Целје одиграа 2-2, но „виолетовите“ обезбедија пласман во полуфиналето благодарение на победата од 2-1 на првиот натпревар во Словенија.
❌️ Anota Churlinov para empatar el partido y recortar distancias en la eliminatoria.#JagielloniaRealBetis #ConferenceLeaguepic.twitter.com/a2uDts8wOo
— La Cruceta (@LaCruceta__) April 17, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |