Циркуз на Олимпските игри: ВАР и поништи гол на Аргентина после два часа! (ВИДЕО)

July 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Циркуз на Олимпските игри: ВАР и поништи гол на Аргентина после два часа! (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Аргентина и Мароко на Олимписките игри првично заврши со резултат 2-2. Но, потоа настана хаосот. Играчите на двете селекции мораа да се вратат на терен, а претходно натпреварот беше прекинат бидејќи на теренот влегоа некои марокански навивачи со пиротехника негодувајќи на големото судиско продолжение. Двете репрезентации мораа да излезат на терен и да одиграат уште 3 минути а доигрувањето започна со поништување на вториот гол на Аргентина па резултатот се врати на 2-1 и истиот беше конечен на натпреварот. Мароканците поведоа со голот на Суфјане Рахими во 2. минута од судиското надополнување на првиот дел, а истиот играч на отворањето на вториот дел од пенал ја удвои предноста на африканската селекција. Голот за Аргентинците го постигна Џулиано Симеоне во 68. минута, а потоа израмнија во 106. минута преку Кристиано Медин. Воедно, на никој не му беше јасно зошто шведскиот судија ја продолжи играта за дури 15 минути. Во ВАР собата судиите два часа го прегледувале голот за 2:2 на Аргентина каде донесоа одлука дека голот е нерегуларен поради офсајд. За да се официјализира одлуката треба натпреварот да е во тек, па шведскиот судија Нибериј ги извести двете репрезентации дека треба да излезат на терен и да доиграат уште три минути, иако беа поминати околу два часа по прекинот.

Аргентина ќе има можност да се корегира во следните два меча против Ирак и Украина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.