Црногорец касна противник и доби осум меча суспензија! (ВИДЕО)

October 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Црногорец касна противник и доби осум меча суспензија! (ВИДЕО)

Црногорецот Милутин Осмајиќ е суспендиран на осум натпревари, а ќе мора да плати и казна од 15.000 фунти бидејќи го гризна противникот во пределот на вратот. Тој го гризна фудбалерот на Блекбурн, Овен Бек. Осмајиќ го призна неговото дело, а чудно е што тој доби само жолт картон за ваквиот потег. Откако биле прегледани снимките, дисциплинската комисија одлучи да му изрече ригорозна казна. Ваквото гризнување неодоливо потсетува на онаа на Луис Суарез кое го имаше своевремено.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.