April 6, 2025 | | Свет
Црвена звезда повторно ја освои српската Суперлига и тоа на спектакуларен начин. Во 30. коло од шампионатот, „црвено-белите“ го совладаа ОФК Београд со убедливи 3:1, и математички го обезбедија својот 36-ти пехар, осми по ред. Навивачите на „Маракана“ добија фудбалска бајка уште од самиот старт. Максимовиќ отвори во втората минута, Катаи додаде магија во деветтата, а Ендиаје стави печат на совршеното прво полувреме со трет гол во 11. минута. Гостите од ОФК Београд во завршницата само козметички го поправија резултатот преку Безера де Оливеира. Со недостижни 86 бодови, 23 повеќе од вечниот ривал Партизан, тимот на Владан Милојевиќ влезе во историјата со најраната освоена титула, дури седум кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната. Со тоа ги надминаа легендарните генерации од сезоните 1976/77 и 2022/23, кои титулата ја осигураа шест кола пред финишот.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |