Црвена Звезда ја смрзна Барселона, Левандовски го врати водството! (ВИДЕО)

November 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Црвена Звезда ја смрзна Барселона, Левандовски го врати водството! (ВИДЕО)

Барселона води со 2-1 на полувреме против Црвена Звезда на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград. Каталонците поведоа во 13. минута преку Ињиго Мартинез од прекин, а асистент беше Рафиња. Потоа Барселона продолжи да доминира и да ја држи топката се до 27. минута кога Силас успеа да го шокира шпанскиот гигант. По постигнатиот гол, Звезда почна да игра подобро и подисциплинирано, но пред самиот крај на полувремето падна нов гол на Барселона. Рафиња погоди статива, а спремен беше Левандовски кој ја смести топката во голот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.