Црвена Звезда се обидува да донесе уште едно звучно име – Филип Костиќ!

July 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Црвена Звезда се обидува да донесе уште едно звучно име – Филип Костиќ!

Црвена Звезда со амбиции поголеми од било кога влегува во новата сезона, решена да направи резултат во Лигата на шампионите и повторно да го стави своето име на европската мапа. По неуспешниот обид да го врати Душан Тадиќ, белградскиот клуб не мирува. Пред неколку дена веќе беше договорен Марко Арнаутовиќ, а сега клубот се насочува кон нова голема ѕвезда – репрезентативецот Филип Костиќ. Фудбалерот на Јувентус, кој минатата сезона ја помина на позајмица во турскиот Фенербахче, е еден од најискусните и најнаградуваните српски интернационалци. Со Ајнтрахт Франкфурт ја освои Лига Европа и беше прогласен за најдобар играч во сезоната според УЕФА – подвиг што малкумина можат да се пофалат. Германски „Кикер“ открива дека Звезда веќе прави чекори за да го донесе Костиќ, но конкуренцијата не е мала – Олимпијакос исто така е во трка за неговиот потпис. Ако трансферот се реализира, ова би било еден од најголемите потези на белградскиот клуб во последната деценија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.