„Црвениот режим“ на Аморим – Пет играчи избришани од првиот тим!

July 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Црвениот режим“ на Аморим – Пет играчи избришани од првиот тим!

Манчестер Јунајтед ја започна новата ера под водство на Рубен Аморим со ригорозен чекор: пет фудбалери кои не влегуваат во плановите на тренерот се ставени под специјален режим на изолација. Според информации на The Athletic, Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Антони, Алехандро Гарначо и Тајлер Маласија немаат повеќе никаква интеракција со првиот тим. „Тие немаат дозвола да тренираат со остатокот од екипата и ќе го користат тренинг-центарот во Карингтон само по 17 часот – откако сите ќе заминат“, пренесува британскиот медиум. Во моментов, само Рашфорд се вратил во Манчестер и работи индивидуално, додека се очекува и другите да пристигнат во текот на неделата, но далеку од очите на главниот состав.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.