Холандските навивачи направија феноменална атмосфера пред клучниот натпревар (ВИДЕО)

June 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Холандските навивачи направија феноменална атмосфера пред клучниот натпревар (ВИДЕО)

Селекцијата на Холандија во рамките на последното коло од групната фаза на Европското првенство ќе се сретне со Австрија во дуел кој започнува од 18 часот. За Холандија доволен е нерешен резултат за да обезбеди пласман во нокаут фазата. Но, она што може да се каже е дека фудбалерите на Холандија имаат огромна поддршка на ова Европско првенство. Нивните фанови се неверојатни и од стартот на првенството па до сега, секогаш приредуваат неверојатна атмосфера кога игра Холандија, а во прилог погледнете го нивното најново шоу:

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.