January 4, 2025 | | Свет
Во натпреварот од 20-то коло на Премиер лигата, Брајтон и Арсенал одиграа нерешено 1-1, но големо внимание привлече пеналот што го доби домашниот тим. Инцидентот се случи во 61-та минута, кога Вилијам Салиба и Жоао Педро се судрија во шеснаесетникот на Арсенал. Судиската одлука на Ентони Тејлор беше пенал, а Жоао Педро прецизно го реализираше ударот. Иако првичните впечатоци беа дека пеналот е оправдан, снимки од различен агол открија дека Салиба прв ја зафати топката пред контактот со Педро, што доведе до полемики околу исправноста на одлуката. Навивачите останаа поделени. Дел сметаат дека судијата правилно одлучил, додека други тврдат дека Арсенал е оштетен. Како и да е, тие не успеаја да го совладаат Брајтон и сега се наоѓаат пет бода зад Ливерпул, кој има две натпревари помалку.
Penalty for Brighton pic.twitter.com/Y27CMz2WCl
— Centregoals (@centregoalss_) January 4, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |